Забрана за работа на Универзитетот во Штип и мерки на претпазливост: Обвинителство со детали за уапсената професорка за поткуп

Основното јавно обвинителство Штип отвори истрага против 38-годишна доцентка на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, осомничена за примање поткуп.

Според Обвинителството, професорката, како службено лице, побарала 300 евра од студент за да му впише преодна оценка, иако претходно не го положил испитот.

На 16 јуни студентот не покажал доволно знаење за да го положи испитот, но наместо да му биде евидентиран неуспехот, осомничената побарала паричен надомест за да му впише оценка шест.

На 29 јуни, во нејзината канцеларија, студентот ги оставил парите на местото што таа му го посочила – на помошна маса меѓу скрипта и лист хартија, по што професорката му ја впишала преодната оценка во индексот.

Јавниот обвинител до судот доставил предлог за определување мерки на претпазливост, меѓу кои: забрана за напуштање на живеалиштето, обврска за редовно јавување во суд, привремено одземање на патната исправа, забрана за контакт со студентот, како и забрана за вршење работни активности на факултетот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За поткуп приведена професорка на Универзитетот во Штип

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести