Кривични за насилничките што тепаа малолетничка во Аеродром, но и за родителите за „запуштање дете“

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираа дека на 01.07.2026 година во 19:30 часот во Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје, 31-годишна жена пријавила дека на 30.06.2026 година околу 22:00 часот во парк на подрачјето на Општина Аеродром нејзината 12-годишна ќерка била физички нападната од 14-годишна малолетничка која била заедно со нејзина другарка и кои претходно ја натерале во два наврати да клекне на колена и да се извинува.

-Потоа откако тргнала да си оди била физички нападната од друга малолетничка, а целиот чин бил снимен со мобилен телефон од повеќе малолетници кои биле присутни, а едниот од нив го познавала.

Истиот ден во полициска станица бил извршен службен разговор со две малолетнички во присуство на нивните родители.

Известен е јавен обвинител за малолетници и Меѓуопштинскиот центар за социјална работа.

Во врска со предметниот настан се преземаат активности за утврдување на идентитетот и на други инволвирани малолетни лица за целосно расчистување на случајот по што ќе бидат поднесени кривични пријави за сторено кривично дело „насилство“ по член 386 и за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на малолетно лице“ по член 201 од Кривичниот законик.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Имаме сериозен проблем кога дете од 12 години ужива, снима и се смее, додека гледа како друго е плукано и влечено за коса: Реакции на социјалните мрежи за новото малолетничко насилство во Аеродром

(Вознемирувачко видео) Брутално насилство врз малолетничка во Аеродром, едни ја тепат, други малолетници навиваат и снимаат

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести