Како пластично изгледа кога родителите ќе тргнат да бараат правда за нивните деца жртви на малолетничко насилство, покажува примерот на малтретираното девојче од Штип, кое беше жртва на насилство пред неколку месеци, и тоа неколку пати.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Адвокатката на нејзините родители, Маја Ристова, редовно на Фејсбук информира за случајот, а денеска информираше дека правната разрешница во случајов довела до амнестија на родителите на насилничките, оти Обвинителството смета дека тие ниту знаеле, ниту се согласувале со тепањето.
„Еве да видите дека не зборувам на памет кога пишувам дека државата нема да мрдне со мал прст за врсничките насилства, додека не ни се случи “Рибникар“.
Само што примив Решение од Вишото јавно обвинителство во Штип во кое се вели дека Основното јавно обвинителство во Штип правилно утврдило дека родителите на децата што крвнички тепаа друго дете и тоа неколку пати по ред, не се одговорни за кривичното дело „запуштање и малтретирање на дете“, затоа што не биле свесни за дејствијата што ги преземале нивните деца.
Еј, не биле свесни! Не ми се верува што читам. Требало да има континуирано и сериозно занемарување, а не ова? Што е ова? Го тепале три месеци, и психички и физички го малтретирале, ништо не е тоа. Требало да го избодат, скраја било.
Каква порака се испраќа со ова? Ако овде нема одговорност, каде имаше и признанија и видеоснимки, што со останатите насилства, пишуваа таа, посочувајќи дека Вишото јавно обвинителство ја отфрлило кривичната пријава против родителите, зашто тие ниту знаеле, ниту се согласувале со насилството што го извршило нивното дете.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кривични за насилничките што тепаа малолетничка во Аеродром, но и за родителите за „запуштање дете
“Имаме сериозен проблем кога дете од 12 години ужива, снима и се смее, додека гледа како друго е плукано и влечено за коса: Реакции на социјалните мрежи за новото малолетничко насилство во Аеродром
Ало, имаме сериозен проблем со насилството помеѓу малолетниците!
Фото: Унсплеш














