Државата преку Управата за заштита на културното наследство, не прифатила да го купи хотелот “Јадран“ во Скопје, познат и како Арапска куќа, кој е во сопственост на Македонијатурист АД Скопје, објави БИРН.
Македонијатурист кој го продава хотелот, според Законот за заштита на културното наследство мораше прво да го понуди хотелот на државата, бидејќи истиот е прогласен за историски споменик на културата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ќе го купи ли државата хотелот “Јадран“ во Скопје?
Како што објави БИРН истиот на државата и бил понуден за 1,9 милион евра.
Како што пишува порталот оваа понуда, согласно законот, значи дека Македонијатурист не може во иднина на кого било да го продаде објектот поевтино од 1,9 милиони евра.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хотелите “Јадран“ и “Бристол“ и официјално одат на продажба
Освен „Јадран“, Македонијатурист, периодов го продава и хотелот “Бристол“, како и друг недвижен имот.
Во сопственост на Македонијатурист се и хотелите “Холидеј Ин”, Бест Вестерн “Турист”, “Карпош„, “Белви”, кои работат, како и на хотелите “Водно“, и „Сарај“, кои не работат, како и на друг недвижен имот во Скопје, од кој дел Друштвото го дава под закуп.
Од неодамна Македонијатурист управува и со хотелот „Русија„ во Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков капацитет има хотелот Русија, со кој ќе стопанисува Македонијатурист
„Поливерзум„ стана најголем акционер во “Македонијатурист“
Ацо Дудулоски останува претседател на УО на Македонијатурист
Фото: Унсплеш














