Кривични за три лица кои со нож нападнале 14-годишно момче од Ченто

Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје – Единица за насилен криминал до Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје поднело кривична пријава против Ј.Ј. (19), В.С. (23) и В.А. (19), сите од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено Кривично дело „насилство врз дете“ по член 201-а од Кривичниот законик, информираа од Министерството за внатрешни работи (МВР).

-Имено на 22.06.2026 околу 23:50 часот на ул.„Финска“ во паркот пријавените физички нападнале 14-годишен малолетник и употребиле тврд предмет, а со остар предмет му биле нанесени повреди.

Од страна на полициски службеници излезено е на местото на настанот и пронајден бил ножот со кој било извршено кривичното дело и бил предаден на вештачење, а по преземени мерки пријавените биле лишени од слобода и со нив бил извршен службен разговор, велат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.


  • Најчитани вести


  • Најчитани вести