Рибар се удавил во водите на Вардар кај Неготино

Од Секторот за внатрешни работи (СВР) Велес информираа дека 42-годишен жител на Неготино пријавил дека се сомнева оти неговиот 66-годишен татко, кој заминал на риболов, паднал во реката Вардар кај селото Црвени Брегови.

Синот не можел да стапи во контакт со него, а при потрагата дел од неговата рибарска опрема била пронајдена во реката.

Подоцна Регионалниот центар за управување со кризи – Велес извести дека било пронајдено тело на исчезнато лице во водите на река Вардар во селото Црвени Брегови, Општина Неготино.

„Интервенираа ТППЕ Неготино со 7 пожарникари и екипа на ПС Неготино. Во 20.20 часот во близина на сепарацијата во Црвени Брегови во р.Вардар пронајдено е безживотно тело и истото е предадено на обдукција“, соопштија од Центарот за управување со кризи.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести