Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираа дека на 04.07.2026 година околу 00:10 часот во Одделението за внатрешни работи (ОВР) Кратово било пријавено дека на магистралниот пат А-2, кај селото Страцин, кратовско, патничко возило „опел астра“ со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од Н.С. (28) од Крива Паланка, излетало од патот и удрило во бетонски заштитен sид.
При тоа, на местото на настанот починал Н.С., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.
По наредба на јавен обвинител, телото било предадено на Институтот за судска медицина за обдукција, а увид извршила екипа од ОВР Кратово.
Фото: Unsplash














