„Нема да гласам“ одговориле 28% од анкетираните: Најголема доверба ужива Мицкоски, покажува анкета на МКД

На прашањето за која политичка партија ќе гласате на следните избори, најголем процент од граѓаните одговориле „нема да гласам“ (28%), покажува анкетата на МКД.мк, направена од агенцијата Маркет Вижн.

За ВМРО-ДПМНЕ би гласале 20,5%, за СДСМ 6,2%, а за Левица 2,9%.

Кај етничките албански гласачи за ДУИ би гласале 12,1%, а за ВЛЕН 10,7%.

Христијан Мицкоски ужива најголема доверба од лидерите на партиите, 23,3%, Али Ахмети, 5,5%, а Венко Филипче, 5,1%.

Анкетата била направена на репрезентативен примерок од 1.200 испитаници, во периодот од 10 до 27. јуни.

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести