Двајца нови пациенти со Западно-нилска треска се примени на Клиниката за инфективни болести.
Станува збор за виусно заболување, кое се пренесува преку убод од инфициран комарец.
Оттука, од Клиниката апелираат граѓаните доследно да ги почитуваат мерките за лична заштита од убоди од комарци: користење репеленти, носење облека со долги ракави и ногавици при престој на отворено, поставување заштитни мрежи на прозорците и отстранување на застојаната вода во околината, каде што комарците се размножуваат.
„Граѓаните кои по убод од комарец ќе развијат висока температура, силна главоболка, вкочанетост на вратот, нарушена свест или други невролошки симптоми треба веднаш да побараат медицинска помош.
Клиниката останува во постојана координација со надлежните здравствени институции и внимателно ја следи епидемиолошката состојба.
Според последните достапни европски извештаи, оваа сезона веќе се регистрирани случаи на Западнонилска треска во регионот, што ја нагласува важноста од навремена дијагностика, надзор и превентивни мерки,“ вели директорот на Клиниката, Фадил Цана.
Во моментов нема причина за паника, но постои потреба од зголемена претпазливост, имајќи предвид дека во летниот период активноста на комарците е најголема.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
По каснување од комарец двајца хоспитализирани пациенти со Западно-нилска треска
Фото: Unsplash














