Компаниите електронски преку една платформа ќе ги добиваат сите дозволи и одобренија за увоз, извоз и транзит на стоки, како и плаќањата поврзани со тие постапки, од 15 државни институции.
Станува збор за проект кој треба целосно да го замени сегашниот систем и да ги дигитализира процедурите за овие одобренија и плаќањето, до крајот на 2027 година.
За проектот е завршена тендерската постапка и потпишувањето на договорот со избраниот конзорциум, кој треба да го развие и имплементира новото софтверско решение, инфорираа од Министерството за транспорт.
Според договорот, избраниот конзорциум има рок до крајот на 2027 година да го стави системот во целосна функција.
Фото: Унсплеш














