Во четврток во Основниот суд во Куманово започнува судењето на серискиот убиец Трајко Б., (25) од селото Малотино, Старо Нагоричане.
Како што е познато тој е обвинет за четири убиства и два обиди за убиство, кои се случиле годинава и лани.
Сите убиени се жени и оваа е прв случај на сериски убиец во Македонија со елементи на фемицид, бидејќи жртвите биле нападнати поради нивниот пол.
На обвинетот му се заканува казна затвор од најмалку 10 години или доживотен затвор, а предметот на судењето ќе го застапува јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово, Љубомир Лапе.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Институциите создадоа сериски убиец
(Видео) Син ми не е виновен, вели мајката на осомничениот сериски убиец од кумановско
(Видео) Телма објави снимка од осомничениот сериски убиец во кумановско
Фото: Унсплеш














