Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Македонскиот институт за медиуми (МИМ) и Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) денеска го промовираа новиот Кодекс на новинарите на Македонија.
Со новиот Кодекс, како што информираа од ЗНМ, новинарите добиваат современа етичка рамка која одговара на дигиталната ера, но истовремено ги задржува основните принципи на професијата: точност, проверка, независност, одговорност, заштита на човековото достоинство и работа во јавен интерес.
Новиот Кодекс за првпат воведува правила и насоки за користење на вештачката интелигенција во новинарството, ги зајакнува стандардите за транспарентност, исправки и судир на интереси, посветува поголемо внимание на достоинството на жртвите, како и на заштитата на децата и приватноста.
Кодексот е достапен на веб-страниците на ЗНМ и МИМ во осум јазични верзии.
Фото: Унсплеш














