(Фото) Сиљановска Давкова на прием кај Ердоган во рамки на Самитот на НАТО

Македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова, која ја предводи македонската делегација на Самитот на НАТО во Анкара, Турција, кој започна вчера, а завршува денеска, синоќа присуствувала на прием организиран од турскиот колега Реџеп Таип Ердоган, информираа од нејзиниот Кабинет.

Денеска таа ќе учествува на состанокот на Северноатлантскиот совет на ниво на шефови на држави и влади. Истиот ќе се одржи во претседателскиот комплекс „Бештепе“.

Според најавите од нејзиниот Кабинет таа треба да има и билатерални средби.

Освен Сиљановска Давкова во нашата делегација се и министерот за одбрана, Владо Мисајловски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и генерал-мајор Сашко Лафчиски, началник на генералштабот на македонската Армија.

На Самитот се и американскиот претседател Доналд Трамп, францускиот претседател Емануел Макрон, британскиот премиер Кир Стармер, германскиот канцелар Фридрих Мерц, италијанската премиерка Џорџа Мелони, канадскиот премиер Марк Карни…, како и генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, и претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Анкара почнува Самитот на НАТО, кој ја преставува Македонија

Фото: Кабинет на претседателката

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести