Полицајци од Кочани, Делчево и Македонска Каменица на 9. јули при преглед на автомобил „субару“, нашле и одзеле бела прашкаста материја, при што ги лишиле од слобода Ј.Ј. (25) и А.Л. (41), двајцата од Кочани, информираа од Министерството за внатрешни работи.
Следниот ден, А.Л. (41) кој бил задржан во Полициска станица Кочани, отворил прозорец од просторијата и избегал.
Полицијата превзема мерки за пронаоѓање на лицето.
Фото: Унсплеш














