Насилство во Сарај: 16-годишник со нож повредил 14-годишен малолетник, кој му вратил со тврд предмет

На 11.07.2026 во СВР Скопје е пријавено дека околу 15:00 часот пред угостителски објект во с.Сарај, скопско по претходна расправија бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 14-годишен малолетник и друг малолетник.

По кратко време пред продажен објект се сретнале 14-годишникот и 16-годишен малолетник кој го нападнал со остар предмет при што му нанел тешка телесна повреда, а 14-годишникот му возвратил со тврд предмет и му нанел повреда – информираат од МВР. 

Ноќеска околу 01:35 часот 16-годишиот малолетник е лишен од слобода од полициски службеници од СВР Скопје, извршен е службен разговор во полициска станица во присуство на родител и адвокат и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Фото/Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести