Каков имот имаше Груевски

Никола Груевски, поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ е топ тема, откако Агенцијата за управување со имот повторно ги стави на продажба трите станови, кои државата му ги заплени за случајот „Плацеви на Водно“, кој го отвори поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО).

Се работи за станови во “Панорама резиденс“ на скопско Водно, а се проценети вкупно на 2.457.000 евра.

Истите ќе се продаваат на електронско надавање на 29. јули.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Во едниот има и џакузи на тераса: Како изгледаат становите на Груевски кои се продажба

За случајот му беа заплени пет станови.

Од нив пред неколку месеци беа продадени два, на улицата “Бихаќка“ во Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Што се продаде од запленетот имот на Груевски

Груевски во неколку наврати со објави на Фејсбук тврдеше дека овие станови не се негови, а за случајот на СЈО вели дека бил политички мотивиран.

За трите станови кои сега се продаваат, пак вели дека бизнисменот Јордан Камчев бил уценет да каже дека се негови.

Камчев бил уценет за да каже дека становите биле негови, тврди Груевски

Каков имот пријавил

Онаа што е интересно е дека додека Груевски беше премиер од 2006 до 2014 година, во неговите анкетни листови доставени до Антикорупциската комисија немаше пријавено недвижен имот на негово име, ниту пак возило.

Недвижен имот немаше пријавено ни на член од семејството.

Според анкетните листови од 2014 и 2015 година, кои еМагазин ги има во својата архива, излегува дека многу штедел, па пријавил бројни депозити, но и пари во готово, како и уметнички слики.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Еден од становите на Груевски го купил бизнисмен од Гевгелија

Како работи фирмата на Груевски во Унгарија

Фото: Груевски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести