Во врска со трите стана запленети во случајот „Плацеви на Водно“, кој го отвори поранешното Специјално јавно обвинителство, а кои сега на продажба, се огласи Никола Груевски, поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Во едниот има и џакузи на тераса: Како изгледаат становите на Груевски кои се продажба
Тој повторно демантира дека становите биле негови и дека станувало збор за политички мотивиран процес.
Тврди дека бизнисменот Јордан Камчев бил уценет за да каже дека становите биле негови.
-Бизнисменот Јордан Камчев кој исто така неправедно беше обвинет, односно беше обвинет со цел подоцна да биде уценет и притиснат да даде изјава против мене (како и многу други во тоа време), со која ќе бидам дискредитиран и осуден, во целата постапка се држеше достоинствено и до вистината, се до пред самиот крај, кога подлегна на уцените.
Пред да се одржи последната судска сесија во која Камчев имаше збор, тој беше повикан во обвинителството кај тогашната обвинителка Лиле Стефановака (онаа за која обвинителката Кадриу во интервју неодамна раскажа во медиумите дека барала да и направат спална соба во обвинителството).
Таа му ја соопшти уцената дека ако не каже така како што таа бара од него (читај Зоран Заев), веќе е договорено тој да добие затвор од 12 години, а неговата мајка Ратка Камчева и главниот правник од неговата фирма, слични екстремно високи долгогодишни затворски казни.
Во тој момент, Јордан Камчев, за да се спаси себе си, мајка си и еден од најблиските соработници, прифати во целсот да ја промени приказната која ја говореше две години и да жртвува три стана од зградата која тој ја градел.
За да не биде сам и да личи поверодостојно според сценарио предложено од обвинителката Лиле Стефанова и од Зоран Заев тој го повика за сведок и неговиот зет од сестра Мето Стојчевски и заедно ја спроведоа операцијата за која цел тој беше обвинет и уценет. Овие три стана до тој момент не беа предмет на обвинението.
Неговиот зет Мето Стојчевски во распрашување во судот призна дека иако сме се сретнале, никогаш со мене не разговарал за тие станови, но дека наводно Сашо Мијалков му кажал да ги чува на посебна фирма за мене, во која патем не сум имал никаква сопственост или било каква директна или индиректна поврзаност, па дури и дека клучевите се се уште кај нив. Сашо Мијалков во судот го негираше тоа тврдење и кажа дека не постои таков разговор меѓу него и Мето Стојчевски, ниту пак моја поврзаност со тие станови.
Можам само да замислам под кој притисок од Зоран Заев и неговите криминални структури биле и судиите во тоа време за да донесат или потврдат такви пресуди какви што носеа и да ги отфрлат аудио снимките кои се појавија во јавноста во тоа време во кои се слуша како Јордан Камчев категорично тврди дека немам никаква врска со таа земја са која ме обвинуваа, предмет кој го започнаа и го завршија без никаков елементарен материјален доказ против мене, од типот потпис, договор, плаќања пари, сопственост на фирма, потекло на пари или било што, и мораа да одат на жесток притисок на дел од обвинетите да ме посочуваат мене како виновник, пишува тој меѓудруго на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Што се продаде од запленетот имот на Груевски
Колку заработува фирмата на Груевски во Унгарија
Каков имот има Груевски, за кого Унгарија најавува екстрадиција
Фото: Груевски/Фејсбук














