Што се продаде од запленетот имот на Груевски

Поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, повторно е во фокусот на јавноста поради продажба на три станови, кои му беа запленети за случајот „Плацеви на Водно“, кој го отвори поранешното Специјално јавно обвинителство.

На продажба се станови во “Панорама резиденс“ на скопско Водно.

Истите ќе се продаваат на електронското надавање на 29. јули, а од државата се проценети на 2.457.000 евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Во едниот има и џакузи на тераса: Како изгледаат становите на Груевски кои се продажба

Агенцијата за управување со запленет имот за случајот му заплени пет станови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Еден од становите на Груевски го купил бизнисмен од Гевгелија

Досега се продадени два станови на улицата “Бихаќка“ во Скопје.

Поголемиот стан од 57 метри квадратни на јавното надавање достигна цена од 131.186 евра, а помалиот од 38 квадрати од 90.016 евра.

Тој пак тврди дека становите не се негови. Во објава на Фејсбук тврди дека бизнисменот Јордан Камчев бил уценет да каже дека становите кои сега се на продажба биле негови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Камчев бил уценет за да каже дека становите биле негови, тврди Груевски

Колку заработува фирмата на Груевски во Унгарија

Каков имот има Груевски, за кого Унгарија најавува екстрадиција

Фото: Груевски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести