Три момчиња кои се капеле во реката Треска, биле однесени од надојдената вода по испуст од браната „Матка“

Три лица, кои се капеле во реката Треска, биле однесени од надојдената вода предизвикана од зголемен испуст од браната „Матка“ за потребите на производство на електрична енергија.

„Поради надојдената вода, од силниот воден тек беа однесени две малолетни лица на возраст од 15 години и едно 18-годишно лице. Едното малолетно лице веднаш беше извлечено од водата, додека другите две лица беа пронајдени низводно по течението на реката Треска. Сите три лица се спасени, живи се и немаат видливи повреди.

По приемот на пријавата, Центарот за управување со кризи веднаш ја координираше интервенцијата и побара ангажирање на Министерството за внатрешни работи, Дирекцијата за заштита и спасување, Општина Сарај, ХЕЦ „Матка“, Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје и Итната медицинска помош.

Во акцијата за пребарување и спасување учествуваа припадници на Територијалната противпожарна единица, полициски службеници, екипа на Итната медицинска помош и жители на Општина Сарај.

Центарот за управување со кризи апелира до граѓаните да бидат особено внимателни при престој покрај реките и езерата, особено во близина на брани и хидроенергетски објекти, каде што нивото и брзината на водата можат нагло да се променат поради контролирани испусти,“ велат од ЦУК.

Фото/Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести