Македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова, денеска во Скопје, ја пречека својата индиска колешка Друпади Мурму.
Мурму е прв претседател на Индија, кој бил во државна посета на Македонија.
Од Кабинетот на Сиљановска Давкова информираа дека двете претседателки разговарале за македонско-индиските односи, со акцент на можностите за соработка во економијата, образованието, науката, културата, туризмот, здравството и дигиталната трансформација.
-Оваа посета е важен исчекор во проширувањето и зајакнувањето на соработката со Индија.
Заедничкото хумано наследство на Света Мајка Тереза, како и искуството од Движењето на неврзаните, се цврсти темели на новата ера во македонско-индиските односи, информираше Сиљановска Давкова.
Фото: Кабинет на претседателката














