Златко Перински именуван за в.д. директор на Фондот за здравствено осигурување

И официјално, како што веќе беше најавено, Владата на денешната седница го именува Златко Перински за вршител на должноста (в.д.) директор на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО).

Предлогот дојде од министерот за здравство, Сашо Клековски, кој пред да стане министер беше директор на ФЗО.

Пред да дојде на новата функција Перински беше министер за локална самоуправа, а претходно и генерален директор на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, како и управител на СЦ „Борис Трајковски“.

Тој е магистер по менаџмент на човечки ресурси.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил Златко Перински, кој повеќе нема да биде министер за локална самоуправа

Кој е Златко Перински, идниот директор на ФЗО, кој нема повеќе да биде министер за локална самоуправа

Кој е Сашо Клековски, новиот министер за здравство

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести