Владата прогласи 30-дневна кризна состојба во Гостивар

Владата на денешната седница, на предлог на Управувачки комитет (УК), донесе одлука за прогласување на кризна состојба во Општина Гостивар во рок од 30 дена, информираа од таму.

-Со оглед дека локалната самоуправа не може да се справи со настаната состојба во Општина Гостивар, владата донесе ваква одлука за прогласување на кризна состојба се со цел побрза координација на институциите, како и ставање на водоснабдителниот систем во функција и обезбедување на вода за пиење во најкраток можен рок, велат од таму.

Од Владата очекуваат Јавното обвинителство да спроведе детална истрага и да го расчисти случајот.

-Одговорност мора да има за секој еден што го ставил во ризик здравјето и животите на гостиварчани, посочуваат од таму.

Во состав на УК се министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за здравство Сашо Клековски, министерот за транспорт Александар Николоски и директорот на Дирекција за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, како и надворешните членови – министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) при Владата, Ивица Томовски, директорот на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Оливер Миланов, директор на Инспекторат за животна средина, Ивана Гиновска и претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Колку загадена вода пиеја гостиварчани три недели

ЈП „Комуналец“ Гостивар на диво направил приклучок во близина на главниот цевковод, утврди Инспекторатот за животна средина

Две пумпи три недели внесувале загадена вода во гостиварскиот водовод: Директорката на „Комуналец“ и двајца раководители ќе одговараат за тешки дела против животната средина и природата

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести