Според податоците од јавните здравствени установи во Гостивар, во текот на вчерашниот ден продолжи трендот на значително намалување на бројот на новопрегледани пациенти, односно лица кои првпат побарале лекарска помош поради симптоми на гастроентеритис, информираат од Министерство за здравство.
„Во Општа болница „Д-р Ферид Мурад” – Гостивар се регистрирани 60 нови прегледи на инфективното одделение, 37 нови прегледи на педијатриското одделение и 11 прегледи во Ургентниот центар, односно вкупно 108 нови прегледи.
На инфективното одделение се примени 2 нови пациенти на болничко лекување, додека на педијатриското одделение нема нови хоспитализации.
Во Здравствениот дом Гостивар се регистрирани 87 прегледи во дежурна служба и 17 повици до Итната медицинска помош.
Во ЈЗУ Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби, вчера се регистрирани 3 нови прегледи на пациенти од подрачјето на Гостивар, при што еден пациент е хоспитализиран,“ се вели во соопштението.
Фото: МЗ














