Во водата во Валандово зголемено ниво на арсен

По Гостиварчани, и жителите на Валандово останаа без вода за пиење од градскиот водовод.

Оваа следи откако во истата било регистрирано зголемено присуство на арсен, а информацијата ја сооопшти тамошното јавно претпријатие „Комунален сервис“.

Истата не се смее да се пие, туку може да се користи само како техничка вода.

Зголеменото присуство на арсен покажала анализата на Институтот за јавно здравје – Скопје.

Од таму нема информација колку време граѓаните пиееле ваква вода, колкава е концентрацијата на арсен и кога водата ќе може да се пие.

Арсенот е металоид кој е еден од најпознатите и најсилни отрови. Се јавува во природата во многу минерали, често во комбинација со сулфур и метали.

Поради можноста да предизвика труење, присуството на арсен строго се контролира во индустријата и животната средина

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести