Владата ќе ги обесштети граѓаните кои претрпеа штети од невремето

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата согласно закон и пракса ќе интервенира и ќе ги обесштети граѓаните кои што ќе пријават штета, како последица од невремето.

Граѓаните најпрво треба да ги пријават штетите до комисиите формирани од општините.

„Апелирам до граѓаните оние кои имаат штета да пријават, да излезе Комисија да ја констатира и да добиеме ние како Влада спецификација на тие штети, за да можеме да ги обештетиме,“ рече Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Скопските општини ќе формираат комисии пред кои граѓаните ќе можат да ги пријават штетите предизвикани од невремето

Фото: еМагазин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести