Скопските општини ќе формираат комисии пред кои граѓаните ќе можат да ги пријават штетите предизвикани од невремето

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски информираше дека денеска се одржал координативен состанок со скопските градоначалници и Кризниот штаб на Град Скопје, на кој се сумирале штетите и последиците од силното невреме што го зафати главниот град.

„Скопските општини ќе формираат комисии пред кои граѓаните ќе можат да ги пријават штетите предизвикани од невремето. Истовремено, со колегите градоначалници договоривме општинските градежни инспектори, инспекторите за домување и другите надлежни служби да извршат засилени и строги контроли. Ќе се проверуваат сите позиции и објекти каде што имаше оштетени кровни конструкции за да се утврдат причините за истото, земајќи во предвид дека, одржувањето на истите треба да го имаат куќните совети,“ информираше Ѓорѓиевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

33 повредени лица во невремето во Скопје, оштетена кровна конструкција на ГОБ „8 Септември“ и кровот на Клиничката болница во Штип

Силината била ураганска: УХМР со официјални податоци за брзината на ветрот во Штип, Скопје и Струмица

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести