УХМР информира за брзината на ветрот во Штип, Скопје и Струмица, а според класификацијата имало урагански удар.
„На Автоматската метеоролошка станица во Штип, во 17:00 часот, е регистриран оркан со максимален удар на ветер од 134 km/h со правец запад-северозапад (WNW).
Во Скопската котлина, на Автоматската метеоролошка станица Скопје, во 16:10 часот е регистриран оркан со максимален удар од 130 km/h со правец север-северозапад (NNW).
Ветер со истата јачина од 130 km/h е регистриран и на Автоматската метеоролошка станица Ново Село во Струмица, во 17:50 часот, со правец северозапад (NW).
Оркан/ураган според класификацијата за јачина на ветер, претставува ветер чија брзина надминува 118km/h. Тоа е екстремно силен ветер кој на оваа територија се случува многу ретко и предизвикува силни разорувања и значајни штети во пошироки размери,“ велат од УХМР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото/Unsplash














