(Фото) Јајца од цревен паразит пронајдени во микробиолошки наод кај гостиварец-се пренесува преку загадена вода

Дарко Грујоски од Гостивар објави микробиолошки наод кој покажува дека кај него се пронајдени јајца од цревен паразит – Ascaris lumbricoides. Овој паразит е познат по тоа што се пренесува по фекално-орален пат, преку загадена вода, загадена храна или нечисти раце.

„По препорака од лекар, поради лесното пренесување, треба да се испитаат и најблиските членови на семејството, бидејќи ако има уште заразени, може повторно да се пренесува.

Денови по лекари, анализи, лекови, изгубени работни денови, нервози…

Во услови кога официјално беше утврдено загадување на водата, прашувам: Дали градоначалникот чувствува морална одговорност?

Кој ќе ги плати прегледите? Кој ќе ги плати анализите? Кој ќе ги плати лековите? Кој ќе им го врати здравјето и мирот на луѓето што поминаа низ ова?

Не барам изговори. Не барам прес-конференции. Барам одговорност,“ пишува Грујоски.

Најновите анализа што ги направи Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) покажуваат дека водата од водоводната мрежа во Гостивар се уште е неисправна за пиење и за техничка употреба.

Во таа насока, се апелира до граѓаните строго да ги почитуваат препораките на надлежните институции и до понатаможно известување да не ја користат водата од водоводната мрежа.

Фото/Unsplash/Фејсбук-Грујоски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести