Денеска во Македонија има драстичен пад на температурата, а според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), времето ќе биде променливо облачно, со повремени врнежи од дожд низ поголем дел од земјава.
Во одделни делови од земјава се очекуваат поинтензивни врнежи, при што количината на дожд може да надмине 15 литри на метар квадратен.
Во попладневните часови локално ќе се создаваат нестабилни облачни маси, проследени со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а во Повардарието повремено ќе биде поизразен, со налети што можат да надминат 50 километри на час.
Во Скопје ќе има слично време – променливо облачно, со повремени врнежи од дожд, кои локално може да бидат пообилни. Во поединечни делови од Скопската Котлина постои можност за краткотрајно невреме со пороен дожд, грмежи и засилен северен ветер.














