Во Македонија утре повторно ќе дува силен ветар, кој на одделни места ќе достигне брзина поголема од 60 километри на час.
Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), освен ветар наместа ќе има пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследено со силен ветар и изолирана појава на град
Во Скопје, исто така времето ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд. Во делови од Скопската Котлината ќе има појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, а наместа ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со силен ветар, грмежи и услови за појава на град.
Од вторник под влијание на поле со висок воздушен притисок ќе следува период на стабилно и топло време.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ














