Фершпед АД Скопје во првите шест месеци од годинава остварил оперативна добивка од 50.637 илјади денари, соопшти Друштвото преку Македонската берза.
Остварените вкупни приходи на Друштвото изнесуваат 2.187.063 илјади денари и во споредба со остварените вкупни приходи во 2025 година се зголемени за 15%.
-Оперативните приходи во износ 2.177.713 илјади денари учествуваат со 99.6% во вкупните приходи и истите се зголемени за 14% во споредба со оперативните приходи во 2025 година.
Финансиските приходи во износ од 9.350 илјади денари бележат зголемување за 60% во однос на истите од претходната година, велат од таму.
Вкупните расходи на Друштвото во износ од 2.127.665 илјади денари се зголемени за 15% во однос на вкупните расходи во 2025 година.
-Оперативните расходи во износ 2.127.076 илјади денари се зголемени за 15% во однос на 2025 година. Најголемо учество во оперативните расходи со 80% имаат расходите за услуги со карактер на материјални трошоци во износ од 1.698.337 илјади денари.
Финансиските расходи во износ од 589 илјади денари бележат зголемување во однос на истите од претходната година,согласно примената на МСФИ 16.
Фершпед за периодот јануари-јуни 2026 година оствари позитивен финансиски резултат искажан во неревидираниот Биланс на успех во износ од 52.335 илјади денари, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фершпед ќе дели дивиденда од 920 денари
Колкави надоместоци имале членовите на ОД на Фершпед лани














