Македонијатурист со раст на добивката за 149% во првото полугодие

Македонијатурист АД Скопје во првите шест месеци од годинава од извршените хотелски и ресторански услуги како основна дејност, како и од други споредни дејности оствари добивка пред оданочување од 380,968 милиони денари, која е зголемена за 149% во однос на 2025 година кога изнесувала 152,986 милиони денари, соопшти Друштвото преку Македонската берза.

Оперативната добивка на Друштвото изнесува 294,348 милиони денари и е зголемена во однос на истиот период лани кога изнесувала 64,891 милиони денари.

Вкупните приходи изнесуваат 625,035 милиони денари и се зголемени за 88% во однос на истиот период минатата година кога изнесувале 331,83 милиони денари.

Оперативните приходи на Друштвото се зголемени за 122% и изнесуваат 534.793 илјади денари.

-Зголемувањето на приходите од продажба е резултат на зголемениот број на ноќевања, зголемен приход од основна дејност за 37%, како и на зголемени други оперативни приходи во текот на 2026 година.

Финансиските приходи изнесуваат 90.242 илјади денари и се намалени за 1% во однос на минатата 2025 година кога изнесувале 90.727 илјади денари, велат од таму.

Вкупните трошоци и расход изнесуваат 244,067 милиони денари и се зголемени за 36% во однос на лани кога изнесувале 178,847 милиони денари.

Оперативните расходи изнесуваат 240.445 илјади денари и се зголемени за 36% во однос на минатата година кога изнесувале 176.215 илјади денари.

Финансиските расходи изнесуваат 3.622 илјади денари и се зголемени за 38% во однос на лани кога изнесувале 2.632 илјади денари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Поливерзум„ стана најголем акционер во “Македонијатурист“

Ацо Дудулоски останува претседател на УО на Македонијатурист

“Промет стеел холдинг“ влегува во „Македонијатурист“ преку „МГФ Инвестмент“

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести