Искуствата од берзанската котација и факторите што придонесоа за долгорочниот успех на „Алкалоид“ АД Скопје ќе бидат во фокусот на 25. Годишна конференција на Македонската берза.
На конференцијата ќе дискутираат генералниот директор и претседател на Управниот одбор на „Алкалоид“, Живко Мукаетов, и главниот извршен директор на Македонската берза, Иван Штериев.
Разговорот ќе биде посветен на развојот на „Алкалоид“ како една од најпрепознатливите и најликвидните домашни компании на пазарот на капитал, како и на нејзините идни развојни перспективи.
Од Македонската берза најавуваат дека учесниците ќе имаат можност од прва рака да се запознаат со искуствата поврзани со котацијата на компанијата и со факторите што влијаеле врз нејзиниот долгорочен успех.
Годишната конференција ќе се одржи од 21 до 23. септември 2026 година во хотелскиот комплекс „Метропол Лејк Ресорт“.














