Породилни пакети со попуст и целосна грижа за мајката и бебето во Клиника Жан Митрев

Клиника Жан Митрев воведува попусти за породилните пакети во Центарот за мајка и бебе, со цел на идните мајки да им овозможи достапна, безбедна и целосна медицинска грижа во текот на породувањето и постпородилниот период, информираат од таму.

Промоцијата важи за трудниците што ќе се породат до 1. октомври 2026 година, како и за оние што до овој датум ќе уплатат аванс, независно од планираниот термин за породување.

Достапни се пакети за спонтано породување и за породување со царски рез, со можност за плаќање на рати.

Со породилните пакети, трудниците добиваат бесплатни микробиолошки генитални брисеви, предпородилни анализи, кардиотокографија и ултразвучни прегледи по 36. гестациска недела.

Пакетите опфаќаат и лабораториска подготовка пред породувањето, анестезиолошки преглед, антенатална едукација на родителите и стручно советување за процесот на породување, постпородилното закрепнување и негата на новороденчето.

Во Центарот за мајка и бебе се обезбедува индивидуализиран пристап и континуирана медицинска поддршка, без разлика дали породувањето се одвива по природен пат или со царски рез. На трудниците им е достапно безболно породување со епидурална или спинална анестезија, по претходна процена од анестезиолог.

Клиниката овозможува и природно породување со седација со азотен оксид, техника што придонесува за намалување на болката, напнатоста и анксиозноста кај родилката.

За време на породувањето се врши континуирано следење на состојбата на мајката и плодот, со присуство на педијатар и непосредна процена и опсервација на новороденчето. По породувањето, мајката и бебето престојуваат заедно три болнички дена во еднокреветна соба, во безбедна и пријатна средина. Во текот на хоспитализацијата родилката добива континуирана нега, потребна медикаментозна терапија и свежо подготвени, избалансирани оброци, како и практична едукација за нега на новороденчето и правилна техника на доење.

Новороденчето е под постојана грижа на специјализиран неонатолошки тим. Во пакетите се вклучени аудиолошки скрининг, кардиолошки скрининг кога за тоа постои потреба и тестирање на толеранцијата при превоз во детско автомобилско седиште. На родителите им се обезбедува 24-часовна достапност за консултација со неонатолошкиот тим.

-Грижата продолжува и по отпуштањето од родилиштето. Во првиот месец се обезбедуваат четири бесплатни педијатриски прегледи на новороденчето, вклучувајќи ортопедски скрининг и вакцинација, како и попуст на сите следни педијатриски прегледи во Клиника Жан Митрев.

За родилката е предвиден бесплатен контролен гинеколошки преглед шест недели по породувањето, бесплатна консултација со хирург за естетска и пластична хирургија и поволности за услуги од областа на естетската дерматологија, стоматологијата и офталмологијата.

Во соработка со Промедика Офталмологија, обезбеден е и бесплатен офталмолошки преглед на новороденчето во текот на првата година, велат од таму.

Центарот за мајка и бебе располага со современи родилни и операциони сали, хибридни соби за заеднички престој на мајката и бебето и специјализирана опрема за следење, стабилизација и третман на новороденчињата. Достапни се и интензивна неонатална нега и специјализиран медицински транспорт за бебињата на кои им е потребен повисок степен на надзор.

-Со мултидисциплинарен тим, современа технологија и континуирана поддршка, Клиника Жан Митрев обезбедува заокружена грижа за мајката и детето, од последните недели на бременоста, преку породувањето, до првите недели и месеци по раѓањето, велат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести