Македонските државјани Ваљон Бела и Бекир Халими, се во фокусот на јавноста откако беа прогласени за непожелни во соседна Албанија.
Според тамошните медиуми тие се прогласени за непожелни и им е забранет влез, бидејќи преставувале закана за националната безбедност, уставниот поредок, суверенитетот на Албанија, како и закана за јавниот ред и мир.
Како што пишуваат албанските медиуми постоеле сомневања дека се членови на организации кои поддржуваат и спроведуваат анархистички дејствија против албанската држава.
Кој е Ваљон Бела
Бела е поранешен функционер на ДУИ.
Пред седум години беше економски директор на Клиниката за гинекологија и акушерство.
За него имаше истрага, по што беше разрешен од функцијата.
Беше и шеф на кабинет во Министерството за здравство.
Како кандидат на ДПА пак беше и кандидат за градоначалник на Општина Чаир.
Беше дел и од Беса, а во ДПА беше и потпретседател откако неговата партија Албански сојуз се спои со партијата на Мендух Тачи, ДПА.
Кој е Бекир Халими
Халими бил член на поранешната ОНА.
Тој е радикален вахабистички теолог.
Во 2008 година беше осомничен за поврзаност со терористичка ќелија на Ал каеда.
Во 2016 година беше исклучен од Исламската верска заедница на Македонија по судирите со раководството на институцијата, но потоа се врати како раководител на исламската библиотека во Скопје.
Фото: Фејсбук














