Водата во Гостивар сѐ уште не е безбедна за пиење

Водата во Гостивар сѐ уште не е безбедна за пиење и смее да се користи исклучиво како техничка, соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и раководител на Управувачкиот комитет по состанокот на Главниот штаб за управување со кризи.

Нејзиниот квалитет и понатаму варира поради што остануваат во сила претходните препораки, а водата не смее да се користи за пиење и за приготвување храна. За да се прогласи водата за исправна, ќе бидат потребни три последователни позитивни резултати од сите мерни точки.

„На состанокот заклучивме дека сè уште ја имаме истата фактичка состојба во поглед на квалитетот на водата, односно немаме вода која може да соопштиме дека е исправна. Остануваме на истите препораки од претходно,“ рече тој.

Во одреден број примероци била констатирана бактеријата Pseudomonas, која најчесто се јавува како биофилм, во цевководниот систем од застоена вода поради претходно некористење на водата, ниту за пиење ниту како техничка.

Во однос на третирањето, надлежните постапиле согласно протоколите. Хлорот кај каптажата бил качен на повисоко ниво и правено е испирање на водоводната мрежа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Водата во Гостивар сè уште не е безбедна за пиење, има бактерија која е опасна по здравјето

Каква бактерија има во водата во Гостивар и какви инфекции може да предизвика

Фото/Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести