Хотели Метропол со загуба во првото полугодие

Хотели Метропол АД Охрид во првите шест месеци од годинава остварил нето загуба од 23.327 илјади денари, соопшти Друштвото преку Македонската берза.

Приходите на Друштвото изнесуваат 61.253 илјади денари и истите споредено со истиот период лани се намалени за 1%.

-Од овие приходи најголем дел отпаѓаат на основната дејност на фирмата, односно 59.798 илјади денари, и истите се зголемени за 1% во однос на 2025 година.

Останатите приходи во износ од  570 илјади денари се намалени за 71% во однос на истите од минатата година.

Финансиските приходи во 2026 година се намалени во однос на 2025 година за 12% и изнесуваат 974 илјади денари, велат од таму.

Расходите изнесуваат 85,542 илјади денари, и се зголемени за 7% во однос на расходите во 2025 година.

-Најголемо учество во вкупните расходи за 2026 година имаат трошоците за вработени односно 40.892 илјади денари со учество од 48% од вкупните расходи.

Трошоците за суровини и материјали во износ од 19,156 илјади денари се значајна ставка во расходите со 22% учество, кои во однос на 2025 година се зголемени за 8%.

Финансиските расходи бележат намалување во 2026 година во однос на истите од претходната 2025 година за 40%.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хотели Метропол откупи нови сопствени акции

Хотели Метропол со пад на добивката во третиот квартал

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести