Денеска се потпишаа Договорот за инвестициски грант преку WBIF на Европска Унија и Договорите за финансирање со Европската инвестициска банка (ЕИБ) и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за реализација на третата фаза од железничката делница Крива Паланка–почеток на прекуграничен тунел со Бугарија како дел од железничкиот Коридорот 8.
„Станува збор за еден од најзначајните инфраструктурни проекти за државата и за реализација на стратешката визија Македонија да стане клучна транспортна раскрсница на Балканот. Она што е особено значајно, е што успеавме да постигнеме договор со Бугарија, за изградбата на прекуграничниот железнички тунел, кој што треба да ги спои двете држави,“ информираше министерот за транспорт Александар Николоски.
Фото/Влада














