Во учебната 2026/2027 се запишани 4.900 првачиња помалку од лани, информираше денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска.
„Бројот не е дефинитивен затоа што уште ќе се запишуваат, дел од нив не се пријавени. Се надевам дека малку ќе опадне таа бројка, која е страшно голема во однос на демографијата.
Жал ми е што го кажувам тој факт, го има објавено и Статистика, тоа се најновите податоци – околу 4.900 првачиња помалку оваа година отколку лани.
Колку и да се запишат, ќе бидеме со најмалку 3.000 првачиња помалку. Тој тренд го очекуваме и следната година, што е поразително за оваа земја,“ рече Јаневска.
Едносменска настава е воведена во над 200 училишта, речиси во целост во училишта во неколку општини, како Кавадарци, Ѓорче Петров, Прилеп, Битола, Штип…
Фото: Општина Битола














