Од КБ Прво пензиско друштво АД Скопје преку Македонската берза информираа дека со одлуки на Собранието на акционери на Друштвото, Аленка Жнидаршич Крањц, Јанез Крањц и Анита Бислимовска се реизбрани за членови на Надзорниот одбор (НО).
Кирил Јовановски пак е избран за нов независен член на НО на Друштвото.
На независниот член на НО, Душица Стевчевска-Србиноска пак ѝ престанал мандатот заклучно со 03.08.2026 година.
Во НО на Друштвото се и Маја Стевкова Штериева, член и Рок Папич, независен член.
Фото: Унсплеш














