Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираа дека на 09.08.2026 година во 16:00 часот во Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје било пријавено дека на регионалниот пат кон ХЕЦ Козјак, во атарот на скопското село Варвара, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф” со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.Џ. (19) од скопското село Црн Врв, патничко возило „сеат” со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.А. (31) од скопското село Батинци, товарно возило „мерцедес” со скопски регистарски ознаки, управувано од Ш.С. (63) од скопското село Малчиште и патничко возило „форд” со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Л. (47) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Б.Р. (18) од Батинци, сопатник во возилото „голф“, а со телесни повреди се здобиле четворицата возачи, како и Б.О. (30) од скопското село Палиград, и С.Л. од Скопје, сопатници во возилата „голф“ и „форд“, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ и ЈЗУ „Св.Наум Охридски“.














