Маж од Скопје на возраст од 83 години е првото починато лице од западно-нилска треска во Македонија годинава.
Како што информираат од Институтот за јавно здравје, тој бил хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Колку лица во Македонија досега починале од западно-нилска треска
Од симптоми имал покачена температура, треска, главоболка, општа слабост, болки во зглобови и
мускули, вкочанетост на врат, нарушена свест…
Истите започнале започнале на 2.август, а кај пациентот бил дијагностициран менингит.
Починатиот имал и други заболувања.
Дијагнозата е потврдена со серолошко испитување на ликвор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Како се пренесува и кои се симптоми на западно-нилска треска
Кулекс-комарецот еден од најзастапените во Македонија може да пренесе западно-нилска треска
Фото: МЗ














