Повторно, по третпат, на електронско надавање не се продадоа становите на поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.
Информацијата за Фокус ја соопштија од Агенцијата за управување со одземен имот.
Надавањето беше на 29. јули, а трите станови се продаваа за вкупна почетна цена од 2.457.000 евра.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Во едниот има и џакузи на тераса: Како изгледаат становите на Груевски кои се продажба
Станува збор за станови во Панорама резиденс на Водно во Скопје, со вкупна површина од 750 метри квадратни.
Истите државата му ги заплени за случајот „Плацеви на Водно“, кој го отвори поранешното Специјално јавно обвинителство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Што се продаде од запленетот имот на Груевски
Колку заработува фирмата на Груевски во Унгарија
Фото: Груевски/Фејсбук














