Големо зголемување на цената на горивата: Бензинот поскапува за 4,5, а дизелот за 6,5 денари

Од вечерва на полноќ цената на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се зголемува за 4,50 денари, а на Еуродизелот БС (Д-Е V) за 6,50 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).

Новата цена на дизелот ќе изнесува 98 денари за литар, на Еуросупер БС-95, 91,50 денари за литар, а на Еуросупер БС-98, 93,50 денари за литар.

За 6 денари поскапува Екстра лесното масло (ЕЛ-1) и сега ќе се продава за 98,50 денари за литар.

Цената на Мазутот М-1 НС поскапува за 0,188 денари и ќе се продава за 43,726 денари за килограм.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.


  • Најчитани вести


  • Најчитани вести