Денеска продолжи судењето за пожарот во т.н. дискотека “Пулс“ во Кочани, а сведочеше градежен вештак – сведок на Основното јавно обвинителство.
Сведокот Маријана Лазаревска го повтори тоа што веќе и беше познато на јавноста од досегашниот тек на судењето, како и од информациите кои беа објавувани во медиумите пред да почне истото.
Таа меѓу друго кажа дека сите градежни зафати во “Пулс“ биле изведени нелегално.
Истите биле направени без проектна документација, без стручен надзор и без одобрение од надлежните институции, а таа потенцираше дека истите не може да се третираат како надградба, доградба или адаптација, туку претставуваат реконструкција за која има задолжителна законска постапка, што во случајов не била почитувана.
Непочитувањето на законската процедура меѓу друго влијаела на товарот врз конструкцијата, на безбедноста, и на евакуацијата, а материјалите кои биле користени придонеле пожарот брзо да се рашири.
Исто така таа посочи дека објектот законски не ги исполнувал условите да биде пренаменет во кабаре.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Игор Бансколиев














