Според најновите податоци на Институтот за јавно здравје, објавени денеска, бројот на заразени со западно-нилска треска во Македонија, се искачи на 38.
Од нив 36 случаи се водат како потврдени, а два како веројатни.
Како што е веќе познато, сите, освен едно лице кое е од Велес, се од скопско.
Само еден од овие случаи е поврзан со патување во Грција (но, инкубацискиот период покрива и престој во Македонија), а другите се заразиле во земјава.
Повеќето се мажи – 28, а 10 се жени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
25-годишна девојка најмладиот заболен од западно-нилска треска, колку е просечната возраст
Најголем дел се лица на возраст над 60 години – 33, четири се лица на возраст од 50 до 59, а едно лице е на возраст од 20 до 29 години.
Просечната возраст изнесува 67,3 години.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Не допирајте мртва дива птица, кои како и комарците се преносители на западно-нилска треска
Како се пренесува и кои се симптоми на западно-нилска треска
Кулекс-комарецот еден од најзастапените во Македонија може да пренесе западно-нилска треска
Фото: МЗ














