Додека јавноста чека повеќе информации за изградбата на новиот национален дата-центар, како и повеќе детали за големината на дата-центрите кои сакаат да ги градат приватни инвеститори, Ве потсетуваме како изгледа првиот национален дата-центар, кој работи од 2023 година.
Истиот е со моќност под еден мегават, а се наоѓа на два километри од Прилеп.
Неговата изградба чинеше 11,5 милиони евра.
Оваа е прв национален дата центар во регионот и истиот овозможува чување на податоци од примарниот информатички систем во случај на можни природни или катастрофи предизвикани од страна на човечки фактор.
Функционира 24 часа, а пристапот до него е строго ограничен.
Инвеститор беше Министерството за внатрешни работи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонија има национален дата-центар во прилепско, ќе гради уште еден
Што треба да знаете за дата-центрите и зошто има отпор
Фото/видео: МВР














