Од утре на линијата од Зелениково до Транспортниот центар почнува да сообраќа градскиот воз.
Во еден правец карта е 40 денари, а повратен билет чини 70 денари.
Се планираат девет поаѓања на оваа релација, а времето на патување е од 24 до 28 минути.
Делниците кон Илинден и Ѓорче Петров се очекува да бидат завршени до крајот на следната година.
Фото: Град Скопје














