Повторно се отвора случајот за набавка на мазутот за ТЕЦ Неготино, имало слабости во вештачењата

Повторно се отвара случајот за спорните набавки на мазут за ТЕЦ Неготино, кој неодамна беше затворен, а причината е што имало слабости во вештачењата.

Имено, како што информираа од Основното јавно обвинителство, надлежен јавен обвинител од Вишото јавно обвинителство Скопје донел Решение со кое го уважил приговорот на државното акционерско друштво Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) против Наредбата за запирање на истрагата за кривичните дела – Злоупотреба на постапка за јавен повик, доделување договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство, како и Перење пари, против вкупно 13 физички и едно правно лице за набавките на мазут за ТЕЦ Неготино.

„Со одлуката, Вишото јавно обвинителство Скопје го задолжи Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) да ја продолжи постапката, при што на надлежниот обвинител во прв степен му се дадени и дополнителни насоки за постапување.

Констатирајќи, пред се, слабости во изготвените вештачења на кои јавниот обвинител од ОЈО ГОКК ја темелел својата одлука да ја запре истрагата, Вишото јавно обвинителство Скопје побара да продолжи постапката во насока на утврдување на сите поединечни дејствија на осомничените, особено дали и кој презел директни дејствија или дејствија на помагање со кои правното лице ЕСМ, преку злоупотреба на наменски доделени средства од државниот буџет, а под превез на користење на повластена законска основа од член 23 од Законот за јавни набавки, овозможиле имотна корист од големи размери за еден од осомничените и неговото правно лице.

Вишото јавно обвинителство Скопје го задолжи ОЈО ГОКК да прибере и анализира повеќе податоци од неколку други институции, како и да нареди нови вештачења со цел прецизно испитување на сите околности и утврдување евентуална кривична одговорност,“ велат од Обвинителството.

Меѓу осомничените во случајот се бизнисмените Ратко Капушевски, Асмир Јахоски и Ерџан Сулкоски, поранешниот директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕСМ поднесе жалба за случајот со набавка на мазут за ТЕЦ Неготино

Која е обвинителката Катерина Коларевиќ, која ја запре истрагата за набавките на мазут за ТЕЦ Неготино

Каков имот пријавила обвинителката Катерина Коларевиќ, која ја запре истрагата за набавките на мазут за ТЕЦ Неготино

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести