ЕСМ поднесе жалба за случајот со набавка на мазут за ТЕЦ Неготино

Државното акционерско друштво Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), како и што најави, поднесе жалба за прекинувањето на истрагата за случајот со набавка на мазут за ТЕЦ Неготино до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) и до Вишото јавно обвинителство.

ТЕЦ Неготино е подружница која работи во склоп на ЕСМ.

Истрагата ја прекина ОЈО ГОКК, а од ЕСМ поднеле и барање за контрола и до Јавното обвинителство.

Од ЕСМ бараат да се утврдат недоследностите за водењето на истрагата која ОЈО ГОКК ја водеше една година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕСМ не била повикана во Обвинителството да даде исказ за штетата при набавката на мазут во ТЕЦ Неготино

Претходно од ЕСМ оценија дека обвинителката Катерина Коларевиќ од ОЈО ГОКК „паушално го спровела вештачењето“ и „погрешно ги интерпретирала изјавите на инженерите“, кои според државната компанија биле повикани исклучиво да ги објаснат техничките аспекти на набавката и производството, а не да оценуваат дали има финансиска штета.

Во случајот според Министерството за внатрешни работи (МВР) имаше сомнеж за криминал од над 167,5 милиони евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Запрена истрагата за Капушевски и газдата на „Пуцко петрол“, немало докази за криминал во набавката на мазут за ТЕЦ Неготино

Од Обвинителството, предводено од Ислам Абази, утврдиле дека осомничените не ги исполниле кривичните дела за кои беа осомничени, а истата и не утврдила постоење на друго кривично дело.

Со истрагата беа опфатени 13 лица. Меѓу нив беа и сопствениците на фирмата РКМ, Ратко Капушевски и Ерџан Сулкоски, сопственикот на Пуцко Петрол, Асмир Јахоски, син на пратеникот на ДУИ, Исмаил Јахоски, како и поранешните директори на ЕСМ, Васко Ковачевски и Адријан Муча.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Која е обвинителката Катерина Коларевиќ, која ја запре истрагата за набавките на мазут за ТЕЦ Неготино

Каков имот пријавила обвинителката Катерина Коларевиќ, која ја запре истрагата за набавките на мазут за ТЕЦ Неготино

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести